Лавров му се извини на Вучиќ

од Vladimir Zorba
388 прегледи

Шефот на руската дипломатија му се извини на претседателот на Србија за контроверзниот пост на Фејсбук на Марија Захарова, изјави советничката на Александар Вучиќ за медиуми Сузана Васиљевиќ.

„Коментарот на Захарова беше несоодветен и недостоен за нејзината позиција“, изјави Васиљевиќ за ТВ Прва.

Посочи дека за време на престојот во Брисел, Вучиќ разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој, како што вели, многу правилно објаснил и се извинил за постапката на неговиот соработник, кој е портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

„Тие разговараа за билатералните односи, за тоа што ги чека Србија и Русија во иднина. Не можам да ги кажам деталите од разговорот, бидејќи ги слушнав само одговорите на претседателот, но напишавме сè што можеше да кажеме во изјавата што беше проследена до медиумите“, рече Васиљевиќ.

Захарова на својот Фејсбук профил ја „коментираше“ средбата меѓу српските и американските лидери со несоодветна фотографија од сцената од филмот „Ниски страсти“, на која актерката Шерон Стоун ги прекрстува нозете.

„Ако ве поканат во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, вие седите како на фотографијата бр. 2. Кој и да сте. Верувајте ми“, напиша портпаролот на руската дипломатија.

Слични содржини