Падна цената на акциите на Astra Zeneca

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Акциите на фармацевтската компанија „AstraZeneca“ паднаа за 6% откако компанијата го прекина тестирањето за вакцината за коронавирус.

Конечното клиничко испитување на вакцината што ја развиваат Универзитетот Оксфорд и „АstraZeneca“ беше прекинато откако еден од учесниците во тестирањето се појавила повратна реакција. „AstraZeneca“ го опиша ова како “рутинска пауза поради необјаснета болест“.

Вакцината на Оксфорд важи за една од најнапредните меѓу десетици вакцини што моментално се развиваат низ светот. Постојат големи надежи дека таа ќе биде една од првите што ќе се појави на пазарот откако успешно ги поминала првата и втората фаза од тестирањето.

Слични содржини