МАСКИРАН НОВИНАР ГО ИЗНЕРВИРА ТРАМП: Еве зошто побара од него да ја симне маската (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
197 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од новинар на Ројтерс, кој на прес-конференција почна да му поставува прашања да ја симне маската.

„Пригушени сте“, му рече Трамп на новинарот на Ројтерс, Џеф Мејсон, кој на прес-конференцијата носеше црна маска.

Мејсон одби да ја симне, додавајќи дека ќе зборува погласно.

„Подобро е“, рече Трамп со силна воздишка пред Мејсон да го праша за неодамнешниот извештај од американскиот Атлантик, во кој се наведува дека Трамп понижувачки се изразил за припадниците на американската армија кои биле убиени или заробени.

Трамп жестоко ги отфрли обвинувањата и му одговори на Мејсон дека извештајот за Атлантикот е „измама“.

Слични содржини