Лајчак: Време е да заврши дијалогот меѓу Белград и Приштина

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак рече дека е крајно време процесот на дијалог Белград-Приштина успешно да се заврши по 10 години.

„Денес поминаа точно 10 години откако Генералното собрание на Обединетите нации ја поздрави подготвеноста на Европската унија да посредува во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина. Крајно време е успешно да му се стави крај“, напиша Лајчак на Твитер.

Тој по разговорите рече дека е постигнат „целосен напредок“ на претходно отворени теми, економска соработка и исчезнати и раселени лица.

Додаде дека лидерите на Србија и Косово во понеделникот „за прв пат разговараа за аранжмани во врска со заедниците кои не се мнозинство (на Косово), меѓусебните побарувања и имотот, на патот кон сеопфатен договор за нормализирање на односите“.

Посочи дека следната средба во рамките на бриселскиот дијалог ќе биде посветена на тие две теми.

Следната недела ќе се одржи состанок на експертско ниво, а Вучиќ и Хоти повторно ќе се сретнат пред крајот на септември.

Слични содржини