Мафијаш на Коза Ностра му го одгризал прстот на затворскиот чувар и го проголтал: Потоа со метла нападнал шестмина

од Aleksandar Petrovski
124 прегледи

Мафијаш од Сицилија, кој издржува затворска казна, го одгризал прстот на стражарот и го проголтал и при прегледот во ќелијата нападнал уште шестмина.

Џузепе Фанара (60), кој издржува доживотна казна затвор во затворот Ребибио во Рим, нападнал седум чувари кои дошле да ја прегледаат ќелијата во јуни.

Фанара, член на Коза Ностра, го нападнал чуварот и му го одгризал малиот прст на десната рака, а бидејќи не бил пронајден, обвинителот заклучил дека го проголтал.

После тоа, тој нападнал уште шест чувари со метла, викајќи дека „ќе им ги исече грлата како свињи“.

После тоа, Фанара бил префрлен во строго чуваниот затвор Сасари на Сардинија.

Фанара беше осуден на доживотен затвор за повеќе убиства.

Слични содржини