Германците тврдат дека знаат со што е отруен Навални: Творецот на новичок им објасни зошто не се во право

од Aleksandar Petrovski
169 прегледи

Во случајот на Алексеј Навални, се појавува „посилна“ верзија на отровот од групата „новичок“, наведува германски „Шпигел“.

Според неделникот, Организацијата за забрана на хемиско оружје е вклучена во истрагата. Делегацијата на ОПЦВ минатиот викенд ја посети болницата „Шарита“ и зеде анализи од Алексеј Навални.

Списанието тврди дека првиот човек на БНД, Бруно Кал, за време на затворена седница, изјавил дека Навални бил наводно отруен од „посилна верзија на новичок“.

Сепак, таа наводна посилна верзија на новичок не припаѓа на бинарни отровни материи, изјави за Спутник еден од креаторите на овој отров, Леонид Ринк.
„Тоа е глупост. Супстанцата за кој Шпигел пишуваше се топи на високи температури. Под нормални услови, таа е цврста. Тоа, се разбира, не беше новичок. Таа супстанца за која пишуваат е од втора класа. Никогаш не била бинарно оружје. Таа не спаѓа во групата на новичок“, рече Ринк.

Да потсетиме, рускиот опозиционер Алексеј Навални се наоѓа во германската болница „Шарита“, каде што беше пренесен од Омск откако падна во кома. Минатата недела германската влада објави дека тој е отруен со супстанца од групата на воени отрови, новичок. Москва испрати барање за подетални информации за резултатите од анализата на берлинската лабораторија, но не доби одговор. Треба да се напомене дека руските лекари, за време на третманот на Навални во болницата во Омск, не нашле траги од отров во неговата крв.

Слични содржини