Немири во Грција, полицијата фрлаше солзавец кон мигрантите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Грчката полиција вчера испука солзавец кон лутите мигранти кои останаа без покрив над главата по пожарот во најголемиот бегалски камп во Европа и кои бараат да им биде дозволено да го напуштат островот Лезбос, каде властите започнаа со изградба на нов центар за прием.

Здравствените власти сè уште се обидуваат да пронајдат 35 мигранти кои биле позитивни на болеста, но изгубиле секаква трага по големиот пожар во кој изгоре логорот Морија на Лезбос.

Повеќе од 12.000 луѓе, претежно од Африка и Авганистан, немаа покрив над главата откако минатата недела пожарот го уништи пренатрупаниот бегалски камп Морија.

Мигрантите се собраа и започнаа да протестираат откако булдожерите ја расчистија областа каде што ќе се наоѓа новиот центар за бегалци. Заедно со извиците „Слобода“ и „Не логор“, тие носеа и транспаренти на кои пишуваше „Повеќе нема да одиме во пеколот Морија“ и „Можеш ли да не слушнеш, госпоѓо Меркел“.

Судирот меѓу полицијата и мигрантите траеше кратко, а официјалните лица рекоа дека ќе обезбедат соодветно сместување и хигиенски услови со цел да се спречи хуманитарна катастрофа.

„Од денес, барателите на азил ќе започнат да пристигнуваат во шатори во безбедни услови за живот“, рече министерот за миграција Нотис Митараки.

Тестовите за Ковид-19 ќе бидат спроведени на влезот во новиот камп, а здравствените власти сè уште се обидуваат да пронајдат 35 мигранти кои биле позитивни на болеста, но сета трага е изгубена.

Слични содржини