Пронајдена мртва жена во стан во Скопје

од Берта Китинска
314 прегледи

Седумдесетгодишна жена вчера била пронајдена почината во стан во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера попладне во 16:30 часот во ПС Аеродром било пријавено дека во стан на булевар „Видео Смилевски – Бато“ била пронајдена почината Љ.Ф. (70).

Откако е влезено во станот, била повикана итна медицинска помош и од страна на лекар е констатирана смрт без траги на насилство.

Известен е јавен обвинител, кој дал насоки телото на починатата да се предаде на семејството за погреб.

При влегувањето во станот, вчера од 17:15 часот до 18.40 часот интервенирала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.