Главниот претставник на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја ја критикуваладенешната средба на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, кого таа го нарекува „узурпатор“.
„Жал ми е што решивте да водите дијалог со узурпаторот, а не со белорускиот народ“, напишала Тихановскаја во изјавата од Литванија, каде побегна по спорните претседателски избори на 9 август.
Лукашенко денеска пристигна во Сочи на разговори со Путин, за да разговара за „интеграцијата“ на двете земји што ги сака Кремљ. Посетата следи еден ден откако околу 150.000 луѓе повторно протестираа на улиците во Минск, барајќи негова оставка петта недела по ред.
Белоруските медиуми објавија снимки од неговото пристигнување во Сочи.
The Putin – Lukashenko meeting looks to have gone down well… pic.twitter.com/Sdss5mCUnC
— Intel Air & Sea (@air_intel) September 14, 2020
Кремљ во петокот објави дека состанокот ќе служи за дискутирање на изгледите за интегративниот процес меѓу двете земји, што е стар проект на Москва.
Тихановскаја смета дека таа е победник на претседателските избори на 9 август, чии резултати, според мислењето на опозицијата, биле наместени.
Според неа, каков било руско-белоруски договор потпишан од Лукашенко би бил „правно неважечки“, бидејќи неговиот реизбор бил „нелегитимен“, според опозицијата.
Кремљ претходно соопшти дека ниеден документ нема да биде потпишан денес.