СЗО: Скоро 308 000 новозаразени за еден ден од коронавирус

од Nikola Popovski
127 прегледи

Вкупно 307.930 новоинфицирани лица биле регистрирани во неделата, а бројот по 300.000 бил надминат по вторпат. Заклучно со 6 септември, имало новоинфицирани 306.857 лица. Со 214.810 нови инфекции, 1 септември бил со најмал број на нови инфекции во еден ден овој месец.

Само овие податоци не даваат точна слика за состојбата на пандемијата, бидејќи може да бидат засегнати од зголемувањето на бројот на тестови што овозможуваат откривање на повеќе случаи отколку кога се тестирани помалку.

Во неделата од коронавирус починале 5.537 лица, 246 помалку од претходниот ден. Вкупно 3.903 лица починале на 9 септември, што е најмал број на жртви од почетокот на месецот, а на 7 септември најголем број на смртни случаи е 8.639.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус денес призна дека светот е далеку од крајот на пандемијата, но бројот на смртни случаи засега е на релативно ниско ниво.

Слични содржини