Путин: Русија ќе ѝ обезбеди заем од 1,5 милијарди долари на Белорусија

од Nikola Popovski
182 прегледи

Русија има намера да ѝ обезбеди на Белорусија државен заем од 1,5 милијарди долари, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.

По средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи, Путин посочи дека е договорено Русија да ѝ обезбеди на Белорусија државен заем во износ од 1,5 милијарди долари во ова тешко време.

„Ќе го исполниме тоа. Сега, колку што е познато, нашите министри за финансии работат на ова на професионално ниво“, прецизирал Путин.

Тој потсетил дека рускиот премиер Михаил Мишустин претходно имал успешни преговори во Минск за сите области на соработка меѓу двете земји, вклучително и финансиските.

Путин истакнал дека очекува информациите за заемот да се рефлектираат на финансискиот пазар, пренесува Спутник.

„Јас не случајно го споменав заемот што Русија планира да го обезбеди на Белорусија во блиска иднина. Се надевам дека тоа ќе се одрази и на финансискиот пазар“, рекол рускиот претседател.

Путин оценил дека предлогот за реформа на Уставот, што го претстави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, е логичен, навремен и адекватен.

Тој изразил уверување дека, со оглед на искуството на Лукашенко во политичката работа, работата за реформа на Уставот ќе биде организирана на највисоко ниво, пренесува руската новинска агенција ТАС С.

Слични содржини