Гренел: Трамп смета дека косовскиот процес 20 години е лошо управуван (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Медијаторот во преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, за српското радио во Чикаго изјави дека неодамнешните преговори меѓу двете страни во Вашингтон биле жестоки и дека двете страни сакаат повеќе.

Говорејќи за поканата на Трамп да ја посети Србија, Гренел рече дека американскиот претседател со задоволство ќе дојде, но дека датумот на посетата сè уште не е утврден.

Коментирајќи ги преговорите меѓу Белград и Приштина, Гренел рече дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „се борел силно за српскиот народ“, што се очекувало и дека преговорите се „жестоки, и двете страни сакаат повеќе“.

„Трамп гледа на овој 20-годишен конфликт како нешто што е лошо управувано. Се прашувавме што можеме да направиме поинаку, досега сите се фокусираа на политиката, а ние сме фокусирани на економијата. Сакаме капитализмот да дојде во регионот на голема врата, да се отворат нови работни места што не успеаја да ги направат оние кои досега се фокусираа на политичкиот аспект на конфликтот меѓу Србија и Косово“, вели Гренел.

Слични содржини