Потврдено: Навални се враќа во Русија (фото)

од Nikola Popovski
297 прегледи

Алексеј Навални планира да се врати во Русија по лекувањето во болницата „Шарите“ во Берлин, потврди неговата портпаролка Кира Јармиш.

„Новинарите ми пишуваат цело утро, прашувајќи дали е вистина дека Алексеј Навални планира да се врати во Русија. Ја разбирам причината за ова прашање, но сепак ми е чудно што некој можеше да помисли поинаку. Уште еднаш потврдувам: други можности никогаш не биле разгледани “, напишала Јармиш на Твитер.

Претходно „Њујорк тајмс“ објави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални планира да се врати во Русија по лекувањето во Германија. Денес тој дури ја објави и првата фотографија на својот Инстаграм профил откако се разбуди од кома.

Слични содржини