Кај 23-годишната девојка позитивна на Ковид 19 смртта настапила нагло

од Aleksandar Petrovski
320 прегледи

Дветe млади девојки заразени со ковид-19, за кои денеска беа меѓу починати пациенти во последното деноноќие, имале претходни заболувања.

Според информациите од Министерството, кај 23-годишната девојка смртта настапила нагло. Таа добила позитивен резултат на тестот за ковид на 5 септември, а претходно четири дена имала температура, кашлица и тешко дишење. По една недела од позитивниот резултат, на 12 септември, била хоспитализирана на 12 септември на Инфективната клиника.

„Веднаш е класифицирана како тежок пациент, ставена е на кислород. Еден ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг – ендоринолошко заболување“, велат од Министерството за здравство.

Слични содржини