Рускиот центар „Гамалеја“: Втората вакцинација против Ковид-19 ја зголемува заштитата на организмот за шестпати

од Nikola Popovski
171 прегледи

Директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург, ја истакнал важноста на втората вакцинација против коронавирусот, бидејќи, како што вели, ќе овозможи одбраната на организмот да се зголеми за шестпати повеќе.

„За време на втората вакцинација имаме развиен имунолошки систем. Тој ја насочува целата своја енергија и способности со цел дополнително да го интензивира производството на антитела и што е најважно, со цел да формира мемориски клетки. Ова овозможува создавање на многу стабилен, долгорочен имунитет, токму на посакуваниот протеин од коронавирус, односно корона-протеинот, кој го зголемува имунолошкиот одговор, имунолошка заштита на вакцинираните лица за четири, пет, шест или повеќе пати“, изјавил Гинцбург за Канал еден.

Претходно, директорот на центарот објави дека „Гамалеја“ планира да направи комбинирана вакцина, која истовремено ќе штити од инфекција со грип и коронавирус.

Како што рече, за новата вакцина ќе бидат потребни клинички испитувања, а рано е да се зборува за временските рамки за развој на ваквата вакцина.

На 11-ти август, Министерството за здравство на Русија ја регистрирало првата вакцина во светот за спречување на Ковид-19, која беше изработена од Центарот за научно истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Слични содржини