Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ остро го критикувала лидерот на коалицијата „Црно на бело“, Дритан Абазовиќ.
Тие го обвиниле дека е лицемерен, дека зборува невистини и дека е свесен, како што велат, за предавството што го прави, како и за „Тројанскиот коњ на големосрпскиот национализам“, кој таа партија ќе го обелодени.
Ставовите на Абазовиќ изразени во синоќешното интервју за црногорскиот јавен сервис, според владејачката партија до последните избори, се „збунувачки и контрадикторни“ и дека покажале дека „позади него нема никаква политика, ниту програма“.
За претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ, Абазовиќ е „претставник на група деловни и политички лобија кои со години сакаат дел од владата во Црна Гора, по секоја цена – дури и по исчезнување на Црна Гора и газејќи го нејзиниот идентитет, без никакви идеолошки принципи и скрупули“.