Белорусија е принудена да ја затвори државната граница со Литванија, Полска и Украина, изјавил белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Принудени сме да ги повлечеме војниците од улиците, како што реков, да мобилизираме половина од армијата и да ја затвориме државната граница од запад, пред се со Литванија и Полска. Ние сме принудени да ја зајакнеме државната граница со нашата братска Украина“, рекол Лукашенко.
Лукашенко исто така посочил дека блиц-криг за преземање на власта во земјата никогаш нема да се случи.
„Под тие бело-црвено-бели знамиња, погледнете ги изразите и зборовите … Така го смислија тоа: блиц-кригот не профункционира. Тој беше осуден многу години пред овој. Тоа не можеше да се случи кај нас, никогаш нема да се случи“, рекол Лукашенко, говорејќи на женскиот форум „За Белорусија “.