Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно на бело“ денеска ќе се сретнат во Подгорица.
Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, како и лидерите на партиите што ги сочинуваат тие коалиции, на тој голем состанок ќе разговараат за програмата и приоритетите на идната влада, како и за поделбата на ресорите.
За поделбата на ресорите претходно не било дискутирано детално на состаноците, а засега е веројатно дека Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на влада, а коалицијата „Мирот е наша нација“ ќе ја добие позицијата претседател на Собранието.
Од идното владејачко мнозинство, било објавено дека сè уште се разговара за квалитативниот и длабинскиот начин на поделба на функциите, како и дека учеството на претставниците на малцинските парламенти е неспорно и може да се смета на нив.
Конститутивната седница на Парламентот на Црна Гора е закажана за среда, 23 септември.