Уапсена жената која сакала да изврши атентант на Трамп

од Nikola Popovski
150 прегледи

Американската полиција уапси жена осомничена за испраќање пакет со отровот рицин до претседателот Доналд Трамп.

Жената е уапсена кога се обидела да влезе во САД од Канада, соопштија американските власти.

Уапсената жена имала и пиштол со себе, го пренесува Си-Ен-Ен соопштението на надлежните органи, додавајќи дека наскоро против неа ќе биде покренато обвинение.

Пакет што содржел отров рицин бил испратен до претседателот Доналд Трамп, а полицијата го пресретнала оваа недела, пред да биде доставен до Белата куќа.

Рицин е високо токсично соединение извлечено од рицинусово зрно кое се користи во терористички заговори. Може да се користи во форма на прав, гас или киселина.