Кој е најбогатиот Германец?

од Nikola Popovski
259 прегледи

Основачот на познатиот ланец на супермаркети „Лидл“, Дитер Шварц е најбогатиот Германец.

Ранг листата на дневниот весник „Билд“ покажува дека овој 80-годишен основач на „Лидл“ и ланецот „Кауфланд“ има имот вреден 41,8 милијарди евра.

На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите „Јакобс“ и „Коти“ со проценет имот вреден 21,45 милијарди евра, а на трето место е семејството на Волфганг Порше, сопственикот на компанијата „Порше“, со имот вреден околу 20 милијарди евра.

Весникот наведува и дека во Германија има 251 милијардери.