На Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало 22-годишно момче од Свети Николе.

Според информаците на велешкиот градоначалник, Аце Коцевски, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.
Триесет и двајца новозаболени од Ковид-19 во последнте 12 денови се регистрирани во Велес и велешко, соопшти на Коцевски.
Вкупно потврдени случаи инфицирани со Ковид-19 се 309, додека пак 258 лица се оздравени. Триесет и шест се активни, од нив дванаесет се згрижени на Инфективното одделение во велешката болница, а 24 се лекуваат во домашни услови.