Демократски фронт: Бараме од Кривокапиќ да ни ги објасни барањата на Абазовиќ

од Nikola Popovski
272 прегледи

„Никој од Демократскиот фронт (ДФ) не го довел во прашање предлогот Здравко Кривокапиќ да биде премиер, но бараме од него да ги разјасни барањата на Дритан Абазовиќ, кои очигледно биле договорени со Кривокапиќ претходно, при што тој ги барал сите клучни ресори во Владата“, изјавил еден од лидерите на црногорската коалиција Демократски фронт, Милан Кнежевиќ.

Тој рече дека тие барања се однесуваат на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, Министерството за одбрана, Агенцијата за воено разузнавање, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.

„Како ДФ да не може да ги предложи своите најистакнати српски политичари за членство во новата влада“, додал тој.

Како што изјавил Кнежевиќ, ДФ е подготвена утре да гласа за претседател на Собранието од редовите на демократите и да ја потпише кандидатурата за премиер, а на крајот да и даде малцинска поддршка на новата влада

„Ние едноставно не се согласуваме да нè понижуваат, уценуваат и рекетираат. Не дозволивме да го стори тоа режимот во заминување, ниту ќе им дозволиме на потенцијалните коалициски партнери“, заклучил Кнежевиќ.