158
Рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални ќе продолжи да престојува во Германија, бидејќи неговото лекување не е завршено, изјавила неговата портпаролка Кира Јармиш.
„Навални сè уште останува во Германија, бидејќи неговото лекување не е завршено. Сепак, сега лекарите предвидуваат целосно закрепнување“, напиша таа на својот профил на Твитер.
Опозиционерот претходно на својот Инстаграм профил напишал дека повеќе не му е потребен болнички третман за закрепнување, како и дека планира да вежба секојдневно со физиотерапевт и можеби ќе оди во центар за рехабилитација.
Претходно, германската клиника „Шарите“, каде беше хоспитализиран Навални, објави дека Русионот е пуштен од болницата.