СЕ РАЗГОРУВА ВОЈНАТА: Жестоки борби на југоистокот, запрен тенковскиот напад на азербејџанските сили (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Борбите меѓу ерменско-азербејџанските сили во регионот Нагорно Карабах продолжија утрово, при што обете страни распоредија тешко оружје во областа.

Азербејџанските сили се обидоа со тенкови да пробијат во југо-источна насока. Нападот беше одбиен, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Нагорно Карабах (РА МО), Шушан Степанијан.

По тој повод, наидувајќи на жесток отпор од страна на тенкови и противтенковски единици, беа уништени 10 оклопни возила и тенкови. Борбите се уште траат.

Слични содржини