Германија покрај короната има нов голем проблем: Не знаат како да се изборат со ова, а многу е опасно

од Aleksandar Petrovski
162 прегледи

Германците бараат ново место за складирање на радиоактивен нуклеарен отпад, бидејќи, како што се спори, првично планираната локација во рамките на поранешниот рудник за сол беше одбиена.

Во извештајот на германската агенција за управување со отпад, објавен вчера, се наведени 90 потенцијални области кои се геолошки соодветни. Овие региони надминуваат половина од површината на Германија.

Конечната одлука за депонијата за ризичен отпад треба да биде донесена во 2031 година, а се планира употребата на новата локација да започне во 2050 година. Се чини дека времето напредува, но политичарите што ќе одлучат за ова нема да имаат лесна работа, пишуваат германските медиуми.

По катастрофата во јапонската нуклеарна централа Фукушима, германските власти одлучија да го запрат производството на енергија од нуклеарни извори до крајот на 2022 година.

Сепак, прашањето за складирање на веќе генерираниот нуклеарен отпад останува нерешено.

Пред три години Бундестагот им наложи на властите да најдат нова локација.