Шпанија во страшен проблем заради корона: Имаат најголем пораст на број на починати од мај

од Aleksandar Petrovski
170 прегледи

Бројот на лица заразени со вирусот во Шпанија денес достигна 748.266, според податоците на Министерството за здравство на таа земја, пишува Танјуг.

Тоа е за 31.785 случаи повеќе од пријавените во петокот, пренесува Ројтерс.

Исто така, според министерството, бројот на смртни случаи од последиците на вирусот корона се искачи на 31.411 лица, за разлика од 31.232 во петокот.

Шпанија бележи најголем пораст на бројот на смртни случаи на дневна основа од почетокот на мај, но тој број е помал од бројот на регистрирани смртни случаи на крајот на март, кога беа регистрирани скоро 900 смртни случаи за еден ден.