Последиците од ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах може да се забележат на секој чекор во градовите на таа непризнаена држава …

Вооружената борба меѓу Ерменија и Азербејџан влезе во третиот ден, а ужасните сцени снимени со окото на камерата патуваат низ целиот свет.
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше во неделата, а Баку и Ереван се обвинија едни со други дека започнале непријателства.
Воведена е воена состојба во Ерменија, беше најавена општа мобилизација и забрането е напуштање на земјата на мажи од 18 до 55 години. Во Азербејџан е воведен полициски час.
На третиот ден од борбата обете страни пријавуваат загуби, а меѓу жртвите, покрај војници, има и цивили.
Министерството за одбрана на Ерменија објави фотографии од разурнатиот град Степанакерт.
Објавени се и фотографии од азербејџанската ракета и местото каде паднало во близина на училиштето и градинката во Степанакерт.
https://www.facebook.com/ArmeniaMOD/posts/1463917947125534
https://www.facebook.com/ArmeniaMOD/posts/1463979937119335