Намалување на бројот на новозаболени и починати лица изминатата недела е забележано од страна на Институтот за јавно здравје.
Вчера беа регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во земјава.
Заклучно со 27.09.2020, пријавени се вкупно 17.674 случаи на COVID-19 (I=854,2/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар и Штип. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.
Возрасна граница на заболени: од 21-27 септември и од 14 до 2о септември (Извор: ИЈЗ)
Во изминатата недела има 28 смртни случаи, што е намалување од 41,7% во однос на минатата недела. Возраста на починатите е од над 60 години (23), на 50-59 (4) и еден од 40 до 49 години. Сите се починати во болница, при што 25 од нив имале други заболувања.
Чаир веќе не е лидер
Најголем број од активните случаи во земјава се во главниот град – 677. Општина со најголем број случаи е Аеродром со 107, по што следуваат Центар со 97, Карпош со 84, Кисела Вода со 80, Гази Баба со 77, Чаир со 54, Ѓорче Петров со 52…
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.