АНГЕЛА МЕРКЕЛ ЗАГРИЖЕНА: Грција и Турција се на ивица на конфликт

од Aleksandar Petrovski
167 прегледи

Повеќе од два месеци откако Ангела Меркел интервенираше за да спречи воена конфронтација меѓу Грција и Турција, германската канцеларка денес посочи на долготрајните тензии меѓу двата соседи во Егејското Море.

„Тешко е да се замисли колку е мало растојанието помеѓу воен конфликт и мирно решение во некои случаи“, рече Меркел на седницата на долниот дом на германскиот парламент пред утрешниот состанок на Европскиот совет, пренесува Дојче веле (ДВ).

Според неа, тензиите на Анкара со Грција и грчко-кипарската страна се високи, а Турција е партнер во НАТО.

Меркел исто така изјави дека Турција покажува извонредни напори за сместување на бегалците, критикувајќи ја Грција за неодамнешните настани во логорот Морија на островот Лезбос.

„Треба внимателно да ги балансираме нашите односи и да се фокусираме на соработката“, рече германската канцеларка, опишувајќи ги односите со Турција како повеќедимензионални.