Украинската полиција денес соопшти дека по нападот во Киев починала жена вработена во американската амбасада во Украина и дека трага по маж осомничен за нападот.

Полицијата соопшти дека жената, која имала повреда на главата, ја пронашол случаен минувач на улицата во близина на паркот надвор од центарот на градот.
Беше речено дека жената е претепана и дека се претпоставува дека сторителот е темнокос маж на возраст од 30 до 40 години, облечен во темни шорцеви и маица.
„Жената беше примена во бесознание во болницата каде подоцна почина. За време на прегледот на предметите на жртвата, на нејзино име беше пронајдена легитимација на службеничка на американската амбасада”, објави полицијата на Фејсбук.