Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден изјави денеска дека Американците нема да застанат настрана ако претседателот Доналд Трамп ги загуби изборите и одбие да се повлече.

Тој рече дека за време на кампањата во Охајо, ден откако Трамп повторно одби да каже во претседателската дебата дали ќе ги прифати резултатите од изборите во ноември, пренесува Ројтерс.
„Претседателот ќе се повлече“, рече Бајден и додаде дека американскиот народ нема да го толерира спротивното.
„Американските граѓани ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател. Точка”, заклучи Бајден.