Обраќање на Вучиќ: Кој ќе биде мандатарот на новата српска влада?

од Nikola Popovski
233 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе го објави името на мандатарот за состав на новата влада врз основа на неговите уставни овластувања, пренесува Танјуг изјава од кабинетот на претседателот.

Претседателот ќе ја соопшти таа одлука на јавноста во 20 часот, а по состанокот на Претседателството на СНС, што ќе се одржи во 17 часот.

Седницата на Претседателството на Српската напредна партија (СНС) е закажана за денес во Белград, дознаваат српските медиуми.

Тоа треба да биде првиот чекор кон формирање влада, а имајќи предвид дека претседателот на Србија и СНС, Александар Вучиќ, најави дека ќе разговара за неговиот предлог за мандатар со партиските колеги, сега сигурно во Претседателството на партијата, а потоа и на Главниот одбор.

Во меѓувреме, конституиран е нов парламент, кој најверојатно ќе го избере своето раководство оваа недела.

Слични содржини