Кон: Тешко дека ќе може да се избегне третиот бран на корона

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Епидемиологот Предраг Кон рече дека од однесувањето на граѓаните зависи кога ќе се појави „третиот бран“ на коронавирус и додаде дека е тешко да се поверува дека тој бран може да се избегне.

„Теоретски, не е невозможно да се избегне третиот бран, но многу е тешко. Тоа би подразбирало сите строго да се придржуваат до сите мерки“, рече Кон за РТС.

Според него, зголемувањето на бројот на заразени е неизбежно и граѓаните треба да се обидат да ги „задржат сегашните резултати“.

„Досегашното искуство покажа дека нема шала со вирусот“, рече Кон.