Александар Митровиќ, синот на сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, денеска бил осуден на 11 месеци домашен притвор со надзор со електронска алка.
Како што се наведува, на Митровиќ исто така му било забрането да управува возила од Б-категорија една година.
Митровиќ бил осуден за сообраќајна несреќа што се случила во јули 2013 година, кога на пешачки премин го прегазил Андреa Бојаниќ (17). Несреќата се случила на улицата Устаничка во Белград.
Според белградските медиуми, тој не присуствувал на изрекувањето на пресудата.