Уште три лица починале од коронавирус во Косово, 34 се новозаразени

од Nikola Popovski
243 прегледи

Три лица починаа во Косово како резултат на потешки компликации со Ковид-19 во последните 24 часа, по што вкупниот број на смртни случаи од таа инфекција се зголемил на 635 лица, било објавено денес.

Според косовскиот Институт за јавно здравје, во истиот период биле тестирани 483 граѓани, а биле регистрирани 34 новозаразени.

Во текот на последните 24 часа излечени се 122 пациенти, а бројот на активни случаи е 1.203.