Германската влада: Потврдено е дека Навални бил отруен со „новичок“

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Германската влада денес објави дека е потврдено дека Алексеј Навални бил жртва на напад со хемиски нервен отров од групата „новичок“.

Портпаролот на германската влада Стивен Зајберт изјави дека владата побарала од Организацијата за забрането хемиско оружје техничка помош при анализата на примероците на Навални и дека резултатите од анализата од две референтни лаборатории пристигнале денес.

„Резултатите се согласуваат со веќе направените резултати од специјалните лаборатории во Германија, Франција и Шведска. Ова повторно, јасно докажано, дека Навални бил жртва на напад со хемиски нервен воен агенс од групата „новичок“, истакна Зајберт.

Владата во моментов го анализира деталниот стручен извештај од анализата.

Германската влада го повтори и барањето до Русија да се изјасни за овие настани.

„Секоја употреба на хемиско оружје претставува значаен престап кој не смее да се остане без последици“, рече Зајберт.

Слични содржини