Кичеец се уште не се пријавил во затворот во Шутка

од Берта Китинска
448 прегледи

Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, на издржување казна затвор од три години за случајот „Рекет“, информира за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ.

Според упатиот акт од Основниот кривичен суд во Скопје, Зоран Милески требал сам да се пријави на издржување на казната до вчера, на 12 октомври 2020 година.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Другите двајца обвинети во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, не признаа вина и ним им се судеше во редовна постапка. Од првостепениот суд Бојан Јовановски – Боки 13 доби 9 години затворска казна за делата перење пари и примање награда за противзаконито влијание, а Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба.

Слични содржини