Еден 45-годишен маж целосно го изгубил слухот откако се здобил со Ковид-19. Ова е прв ваков медицински случај пријавен во Велика Британија, додека четири случаи се пријавени ширум светот.
На неидентификуван пациент, кој страдал од астма, но инаку бил добро, му била потребна интензивна нега по инфекција со коронавирус. По долг престој во болница, тој се пожалил на губење на слухот на левото уво. Тој немал претходно искуство со губење на слухот или проблеми со увото.
Страдал од ненадејна загуба на сензорниот слух (SSNHL), за кој научниците велат дека може да биде активиран од вируси, вклучувајќи ХИВ, заушки и сифилис. Лекарите кои го лекувале пријавиле дека тој само делумно го повратил слухот.
Овој случај – дискутиран во Британскиот медицински журнал – е првиот формално забележан случај на губење на слухот поврзан со Ковид-19 во Велика Британија. Уште четири случаи се пријавени ширум светот.
Експертите од Универзитетот во Лондон и Кралската национална болница за нос и уши предупредуваат дека наглото губење на слухот „лесно може да се пропушти на интензивна нега“. Тие ги повикаа медицинските лица да бидат свесни за компликациите, велејќи дека зголемувањето на свеста може да им овозможи на лекарите да реагираат порано за да се намали трајното губење на слухот.
Истражувачите од Универзитетот во Манчестер претходно рекоа дека еден од осум пациенти со коронавирус може да забележи промена во слухот по борбата против Ковид-19.
Британецот во овој случај беше примен во болница 10 дена откако почна да доживува симптоми на Ковид-19. Тој беше пренесен на интензивна нега и му требаше помош за дишење 30 дена, за што беше потребна интубација – воведување на цевка низ дишните патишта. Пациентот претрпел разни компликации како резултат на Ковид-19, вклучувајќи висок крвен притисок, анемија, пневмонија и тромб.
Лекарите му дале ремдесивир, првиот одобрен лек за пациенти во Велика Британија, интравенски стероиди и трансфузија на крв по што тој започнал да се опоравува. Една недела откако му беше извадена цевката за дишење, тој го напушти одделот за интензивна нега, забележувајќи ѕвонење на ушите – постојано ѕвонење на левото уво. Потоа доживеа ненадејно губење на слухот.
Една недела подоцна, тој беше прегледан од специјалисти и не најде блокада или воспаление. Но, тестот за слух покажа дека тој сериозно го изгубил слухот на левото уво. Тој беше третиран со орален стероид преднизолон седум дена, што резултираше со делумно подобрување на слухот. Исто така, му биле инјектирани мала количина на стероиди директно во средното уво – во цевка што води од тапанчето до аудитивниот нерв и грлото. Но, состојбата на човекот не се подобри по дополнителното лекување.
„Губење на слухот и тинитус се симптоми што се забележани кај пациенти со Ковид-19 и вирус на грип, но не се потенцирани. Во случајот претставен овде, пациентот претходно бил добро и немал друга причина за ненадејно губење на слухот“, се наведува во извештајот.
Ненадејното губење на слухот се додава на долгиот список на долгорочни компликации поврзани со Ковид-19. Медицинските експерти исто така забележаа дека некои лекови, вклучително и оние што се користат за лекување на коронавирус, носат релативно висок ризик од губење на слухот, тинитус или вртоглавица, кои се појавуваат како несакани ефекти. Феноменот е познат како „ототоксичност“ и може да биде предизвикан од лекови, вклучувајќи хидроксихлорокин – лек против маларија кој се користи против Ковид-19.
Првиот случај на сензоневрално губење на слухот кај пациент со Ковид-19 беше пријавен во Тајланд во април. Дадени се многу малку детали за постарата жена, но беше речено дека нема подобрување во слухот по третманот. Друг 60-годишник од Хановер, Германија, кој страдаше од губење на слухот, опишаа лекарите во август. Тој имаше тешка форма на Ковид-19, за која беше потребен респиратор, пред да стане глув. ТСе наметна и инсталација на имплант.
Лекарите во Египет минатиот месец пријавиле пациент кој бил позитивен на коронавирус, но немал други симптоми освен губење на слухот. Инјекциите на стероиди довеле до одредено подобрување. Четвртиот случај беше опишан од лекари во Турција, кои спровеле тестови на Ковид-19 на пет лица со сензоневрален губиток на слухот. Се покажа дека секој петти пациент е позитивен на SARS-CoV-2.