Расадник ќе добие нови згради за 8.000 луѓе, Шилегов уверува дека ќе има и зелена површина

од Берта Китинска
390 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју на телевизија „Телма“ изјави дека во новите згради кои се предвидуваат во ДУП-от за Расадник кај Кисела Вода не може да има 80.000 жители.

Како што истакна Шилегов, таква евентуална бројката ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план.

„Не може да биде донесен ДУП што е надвор од Генералниот урбанистички план. И да сакате, не смеете да ги надминете параметрите. Тоа значи дека не е точно дека ќе бидат 80.000 луѓе, туку ќе бидат 8.000 луѓе. Деталите се работа на Општина Кисела Вода. Меѓутоа, анализите што ги направивме ние е дека повеќе 33 проценти од таа површина ќе остане зелена“ – вели Шилегов.

Слични содржини