Од Ковид 19 почина поранешниот нaчалник на СВР Велес, Игор Ангеловски

од Берта Китинска
347 прегледи

Поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последици од Ковид-19.

Ангеловски бил хоспитализиран на велешкото инфективно одделение на 7. октомври, а потоа му се влошила состојбата, и бил префрлен на скопска клиника. Претходно неколку дена минал на респиратор. Почина на 41. година, и со тоа стана најмладата жртва на Ковид-19 во Велес.

Ангеловски беше началник на СВР Велес оваа година од 10 јануари до 27 јули, кога функцијата министер за внатрешни работи ја извршуваше Наќе Чулев.

Ангеловски е 25-тата жртва од Велес на коронавирусот од почетокот на епидемијата. Само во текот на минатата недела до сега починаа 10 лица од овој град.

Слични содржини