Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 400 беа повредени во силниот земјотрес што го погоди турскиот брег на Егејското Море, северно од грчкиот остров Самос. Меѓу жртвите на островот Самос има и двајца тинејџери. Уништени се повеќе од 20 згради. Mало цунами ги преплави улиците во Измир.
My heart goes out to our brothers and sisters in #Izmir #Turkey . May Allah give them strength Ameen 🙏 #TurkeyEarthquake pic.twitter.com/oyd8cVYVmT
— Jawad Abbas (@jawadabbas35) October 30, 2020
Државното Претседателство за катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на жртвите се искачи на 12, а повредените на 419.
Акцијата за пребарување и спасување продолжува во 17 урнати или оштетени згради.
Момче и девојче, кои беа пронајдени во несвест под урнатините во градот Вати на островот Самос, починаа од повредите здобиени по земјотресот, соопшти службата за итни случаи.
Црквата и неколку други згради на островот Самос беа сериозно оштетени, изјави градоначалникот на Самос, Николау Карловасу.
Земјотресот бил со јачина од околу 7 степени според Рихтеровата скала. Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил на околу 17 километри од покраината Измир, а тој бил почувствуван во Атина и Истанбул.
После тој земјотрес следеа уште два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, на околу триесетина километри од познатото турско одморалиште Кушадаси.
Четири лица загинаа, а 120 се повредени во Измир, пренесува весникот Хуријет.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека силината на ударот уништила шест згради во областите Борнова и Бајракли и дека луѓе се заробени во урнатините.
70 лица беа спасени од урнатините, соопштија властите во Измир.
Градските власти ги предупредија граѓаните да не влегуваат во оштетени згради поради опасност од последователни земјотреси.
Allahım sen koru #deprem #izmir pic.twitter.com/kcb9gjnNFZ
— Yiğit Morningstar (@yigitbayraktar) October 30, 2020
Според турскиот весник, градоначалникот на Измир тврди дека повеќе од 20 згради во тој град се урнати.
Исто така, неколку улици во Измир беа поплавени веднаш по земјотресот, што експертите го протолкуваа како „мало цунами“, пишува Дејли мејл.
Земјотресите се релативно чести во Турција.
По силниот земјотрес што се почувствуваше во двете земји, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и изрази сочувство.
Министрите за надворешни работи на земјите кои се расправаат околу сопственоста на потенцијалните ресурси на јаглеводороди во источниот дел на Средоземното Море, разговараа на телефон по земјотресот и рекоа дека се подготвени да си помагаат едни на други, беше објавено во Анкара.