Започна брзото тестирање за да се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19.
Министертсвото за здравство известува дека денеска ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.
„13 000 брзи тестови кои што следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање.“ изјави министерот Венко Филипче.
Граѓаните може да закажат тестирање на бројот е 02/2041625.