„Фалтер“: Албанец од Северна Македонија стои зад нападот во Виена?

од Берта Китинска
225 прегледи

Австриските власти молчат за идентитетот на убиениот напаѓач кој синоќа изврши терористички напад во Виена.

Главниот уредник на виенското списание „Фалтер“, Флоријан Кленк, тврди дека станува збор за млад Виенец со албанско потекло од Северна Македонија.

“Неговото име е Куртин С, тој е роден во 2000 година во Виена, каде што пораснал. Тој има албанско потекло, а неговите родители се од Северна Македонија и немаат никаква врска со исламизмот”, напиша на Твитер овој познат австриски истражувачки новинар.

Тој изјави дека младиот човек, кој уби четири лица и беше убиен од полицијата, бил познат на Контратерористичката служба (БВТ), бидејќи тој бил еден од 90-те австриски исламисти кои се обиделе да патуваат во Сирија.

Во јули, тврди Кленк, бил спречен да се обиде да замине на боиштата во Сирија.

„Сепак, властите не веруваа дека тој може да планира терористички напад“, додаде тој.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер утрово потврди дека убиениот терорист е симпатизер на Исламската држава, без да даде повеќе детали за неговиот идентитет.

Слични содржини