Прва фотографија од убиецот во Виена, го пријавила неговата мајка

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Фејзулај Кујтим (20), терористот кој синоќа го изврши нападот во центарот на Виена, ѝ е познат на Австриската федерална служба за борба против тероризмот (БВТ) веќе подолго време. Во април 2019 година, тој бил осуден на 22 месеци затвор за терористичко здружување, но бил ослободен порано како малолетник – во декември 2019 година. Албанските медиуми тукушто ја објавија негова фотографија.

Според министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, Кујтим, кој синоќа учествуваше во серија терористички напади во центарот на Виена, на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува за Сирија каде што планирал да се приклучи на Исламската држава.

Кујтим, Албанец чии родители се од Македонија, беше уапсен откако неговата мајка го пријавила неговото исчезнување, а потоа се утврдило дека се обидел да патува на боиштето во Сирија. Тој беше уапсен при обид да ја премине турско-сириската граница, по што беше депортиран во земјата каде што е роден – Австрија.

Откако бил депортиран во Австрија, тој бил осуден на 22 месеци затвор, но не издржал ниту половина од казната. Австрискиот весник „Хојте“ наведува дека Кујтим бил ослободен предвреме од затвор на 5 декември минатата година, врз основа на возраста според законската регулатива предвидена за млади престапници, која предвидува поблаги казни за таа возраст.

Во тоа време, австриските власти оцениле дека тој не е способен да изврши напад и дека повеќе не се смета за опасен. Оваа одлука беше донесена откако Кјутим поминал низ процес на дерадикализација за време на неговиот престој во затвор, за кое беше задолжено специјализираното здружение „Дерад“.

„Се дружел со погрешни луѓе“

Не се познати многу детали за приватниот живот на Фејзулај Кујтим. Весникот „Хојте“ објави дека живеел во Медлинг, град на истокот од земјата, а според нивните информации, како тинејџер бил многу талентиран фудбалер.

Николаус Раст, адвокат кој го бранеше на судењето на кое беше осуден на 22 месеци затвор, вели дека Кујтим пораснал во „сосема нормално семејство, но дека ја имал таа несреќа да се дружи со погрешни луѓе“.

Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше боксер, рече Раст, додавајќи дека не ни помислувал дека може да стане атентатор.

Раст додал дека како тинејџер, Кујтима редовно одел во џамија каде се радикализирал. Како што изјави за агенцијата АПА, тој бил „млад човек без ориентација, кој барал место во животот“.

Муницијата ја купил во Словачка?

„Хојте“ тврди дека Кујтим отпатувал во Словачка со свој познаник кон средината на јули за да купи муниција за неговиот калашников.

Автомобилот што го користел ѝ припаѓал на мајката на еден од неговите контакти, инаку од Косово, со кои се познавал од радикалната исламистичка сцена. За време на терористичкиот напад во Виена, Фејзулај го употребил токму тој калашников, пиштол и мачета.

Го најавил нападот на социјалните мрежи

Првите фотографии на Кујтим се појавија во јавноста утрото по нападот во кој уби четири лица, пред полицијата да го убие. Фотографиите доаѓаат од Инстаграм, каде терористот го најавил нападот, пишуваат австриските медиуми.

Денес австрискиот министер Нехамер потврди дека Кујтим навистина е на фотографиите. Тој е облечен во црно со оружјето со кое се верува дека го извришил нападот – пушка и мачета.

Сликите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Baqiyah, кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.

Според „Билд“, тој во понеделникот им испратил на двајца пријатели снимки од нападот на Шарли Ебдо од 2015 година, кога беа убиени 12 лица, а тој објавил неколку слики на Инстаграм на кои се заколнува на верност на водачот на Исламската држава.

Слични содржини