322
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов позитивен на коронавирусот.
„И покрај почитувањето на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна изолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло“, вели Анастасов.
Во изолација заминуваат уште шестмина вработени во општина Пробиштип, а претходно во општинската администрација имало два позитивни случаи, кои се во изолација.