Македонија отвори со победа против Финска, Лазаров незапирлив

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа над Финска со 33:24 (16:10) во првото коло од Групата – 7 во квалификациите за ЕП 2022.

На вечерашниот дуел вечерва во Скопје, рамноправно се играше само во првата половина на првиот дел, а потоа избраниците на селекторот Данило Брестовац при резултат 5:5, направија серија од 5:0 и водството го одржуваа до крајот на полувремето кое заврши 16:10.

На Финците во вторите 30 минути не им беше дадена шанса за надеж дека можат да го избегнат поразот. Македонците во два наврата имаа највисоки плус 10 (24:14 и 33:23).

Најпрецизен играч на натпреварот беше капитенот Кире Лазаров со 11 погодоци.

Во второто коло, „жолто-црвените“ ќе гостуваат на Швајцарија на 7 ноември.