И денешната седница во Собранието минува тензично .Повторно беа упатени критиките од судијката Добрила Кацарска од страна на опозицијата
ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка од Левица, според нив во Уставниот суд нема место за Кацарска, бидејќи е извршител на наредбите на Зоран Заев, порачаа од собраниската говорница.
На секое обвинување пратениците од СДСМ им ја освежуваа меморијата на колегите од опозицијата- сваровски судството симбол на минатата власт. Се противат на изборот на Кацарска бидејќи ги осуди насилниците од 27ми април, Груевски, Јанкулоска, порачуваат од власта.
Дали Кацарска утре ќе седне на новото судиско столче во Уставен и првиот случај во нејзини раце ќе биде аболицијата од Ѓорѓе Иванов е неизвесно.
Министерот за правда Бојан Маричиќ апелира пратениците да дадат поддршка за изорот на Кацарска за уставен судија, бидејќи е предлог на Судскиот совет.
Токму од исходот на денешната собраниска седница ќе зависи и одлуката на Уставниот суд.
Ставот на Кацарска која досега од позиција на судија во Кривичен водеше повеќе предмети на СЈО и изрече затворски казни за повеќе поранешни функционери меѓу кои екс премиерот Гуревски, сега практично ќе треба да ги потврди или поништи своите досега донесени пресуди.
За да стигне до највисокиот суд во Македонија потребни и се 61 праетнички глас и полагање на заклетва.