Врховен ја укина пресудата за убиството на матурантот Ангел

од Берта Китинска
429 прегледи

Врховниот суд ја поништи пресудата за убиството на матурантот Ангел во Ѓорче Петров

Првостепената пресуда скопскиот кривичен суд ја донесе во јули 2015 кога Насер Ештрефи го осуди на 14 години затвор.

Убиството на матурантот Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров.

На убиството претходеше  кражба на велосипед од страна на обвинетиот од домот на Петковски, по што сега починатиот Ангел и неговиот татко почнале да го бркаат крадецот.

Пресметката меѓу Ештрефи и Ангел се случила на насипот на кејот на Вардар,во близина на Европска очна болница, а Ангел починал во рацете на неговиот татко поради убодна рана од нож.

Осомничениот беше фатен многу бргу по настанот.

Слични содржини