Кон: Властите се одговорни за непочитување на мерките, кои и да се тие

од Stefanija Kuzmanovska
491 прегледи

Епидемиологот и член на Кризниот штаб во борбата против коронавирусот во Србија, Предраг Кон, вза ТВ Н1 истакна дека властите, „кои и да се тие“, се одговорни за непочитување на мерките што биле донесени.

„Нешто не е во ред со договореното, пред се во однос на контролата врз спроведувањето на мерките. Не се важни самите санкции, туку самата контрола“, рече тој.

На прашањето кое би било објаснувањето за тоа што не се спроведуваат мерките, тој изјави дека недостигот на законска рамка е доведен во прашање досега, но, додаде тој, откако Владата на Србија ја усвои таа законска рамка денес, се надева дека ситуацијата ќе се промени.

„Ние доаѓаме до она што го велат „Обединетите против Ковид“, а јас постојано им велам дека досега не беше можно да се контролира спроведувањето на мерките, бидејќи претходниот закон не даваше правна рамка за некои далеку полесни мерки од полицискиот час“, рече тој.

На прашањето кои се ти „полесни мерки“, тој додаде дека „ќе ги видиме кога законот ќе се спроведе, бидејќи беше неспроведлив во врска со вонредната состојба и контролата на изолацијата и самоизолацијата, што значително ја отежнуваше нашата работа“.

„Помина многу време и помина многу вода се додека не почнаа посериозно да се сфаќаат важноста за спроведување на мерките и санкционирање на нивните прекршувања. Мерките се на сила, но не се почитуваат. Се согласувам со „Обединетите против Ковид“ дека е на работ на неприфатливо, што се однесува до мерките, ние јасно и недвосмислено предупредивме дека мерките треба да се спроведат, барем од медицинскиот дел на Кризниот штаб“, вели Кон.