Републиканците „удрија“ по Трамп: Се позивесна победата на Бајден и во последните пребројувања

214 прегледи

Дел од републиканските конгресмени, посочија дека се неосновани тврдењата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп за „кражба“ на изборите, истакнувајќи дека дека Трамп има за цел да го поткопа почитичкиот процес во САД и општоприфатеното мислење дека на секој Американец треба да му биде изброен гласот.

Трамп инаку изминативе денови постојано говори за тоа дека процесот на пребројување на гласачки ливчиња е неправеден и корумпиран. Тој кај себе немаше никаков доказ, па оттаму и федералните власти не пријавија никакви случаи за евентуална измама на изборите.

Од друга страна пак, во моментов од САД пристигнуваат информации според кои Џо Бајден се наоѓа пред победа како што велат на претседателските избори во САД, откако за пребројување останаа и последните четири држави.

Во Џорџија, Бајден го презеде водството од Трамп за некаде помалку од 1000 гласови.

Се очекува веќе денеска да се знае кој ќе оствари најголем број на гласови, но тоа нема да биде крај, бидејќи Трамп според сето она горенаведено, најави тужби поради, како што рече, „грабеж“ од страна на тимот на Бајден.

Слични содржини